fajr40 film 00

Со проекцијата на филмот ДЕЦАТА НА РАЈОТ, ремек-дело на Маџид Маџиди, синоќа во Кинотеката на Македонија започна Неделата на современиот ирански филм.

Неделата на ирански филм се одржува по повод 40годишнината од Исламската револуција во Иран. Во холот на Кинотеката на Македонија е поставена изложба на фотографии со достигнувањата на Исламската револуција.

Во присуство на Н.Е. Хосеин Карими, амбасадор на Исламската република Иран во Македонија, Неделата на иранскиот филм со поздравни говори ја отворија директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов, и аташето за култура на амбасадата на Иран, Махди Ширази.

fajr40 film 01

fajr40 film 02

fajr40 film 03

Во шесте вечери на Неделата на иранскиот филм гледачите можат да видат филмски дела на исклучителни автори од неколку генерации на иранската кинематографија, која изминативе децении е една од водечките во светот.

fajr40 film 04

Во рамките на филмската програма ќе бидат прикажани и филмовите: „Кафетерија на границата" (2005) во режија на Камбузиа Партови (19 февруари), „Не се замарај!" (2013) на Мохсен Гараи и Афшин Хашеми (20 февруари), „Каде ми се чевлите?" (2016) во режија на Киумарс Порахмад (21 февруари), „Не се срами" (2018) во режија на Реза Магсуди (22 февруари) и „Каде е куќата на мојот пријател?" (1987) во режија на Абас Кијаростами (23 февруари).

Програмата се реализира со поддршка од Амбасадата на Исламската Република Иран во Скопје во соработка со Кинотеката на Македонија.

Влезот за проекциите на филмовите од Неделата на ирански филм е бесплатен.

Детална програма може да се најде на следната страница: http://kinoteka.mk/недела-на-современ-ирански-филм/

(Извор: Кинотека на Македонија)

Пребарување

Контакт

Незнаног јунака 32
11040 Белград, Србија

Tелефон: + (00) 381 11 3672 564
                      2660 386
Факс: + (00) 381 11 2666 980
   
E-mail: info@iran.rs
  nur@iran.rs
  persijski@iran.rs
   
Web: iran.rs
  iran.mk
  iriran.me

Online