fajr38 makedonija 01

Амбасадата на Исламска Република Иран во Скопје во соработка со Културниот центар на Иран во Белград и Кинотека на Македонија, од 17. до 21. февруари 2017. година со почеток во 20 часот во Кинотека на Македонија ќе организираат Денови на иранската кинематографија. На манифестацијата ќе присуствува режисерот Шахрам Мокри, режисер на филмот "Риба и мачка" кој е добитник на специјалната награда на интернационалниот филмски фестивал во Венеција и уште многу други меѓународни признанија, а воедно ќе биде прикажан во рамките на манифестацијата.

Во рамки на манифестацијата публиката ќе има можност да види дела од поновата продукција - пет долгометражни филмови и еден краток филм кој е последен филм на Кијаростами.

По секоја проекција предвидена е дискусија со гости од Иран, а на првата и втората вечер ќе присуствуваат режисерот Шарам Мокри чиј филм „Риба и мачка" - е добитник на Сребрен лав на Венецијанскиот филмски фестивал во 2013. година, како и неговата сопруга и сценаристка и режисерка Насим Самани.

Амбасадорот на Иран во Македонија Хосеин Карими на денешната прес-конференција истакна дека целта е промоција на иранската култура, како и зближување на односите и културната соработка меѓу двете земји и двата народа.

- Културата и уметноста добиваат на вредноста само кога не се ограничуваат во внатрешните граници, туку кога добиваат можност да излегуваат надвор од земјата и се презентираат пред други народи во други држави, а филмот еден од највлијателните медиуми во моментот кога се работи за културната соработка, истакна амбасадорот Карими.

Според режисерот Мокри, кој е ученик на Кијаростами, иранската кинематографија е она по што Иран е препознатлив денес во светот, покрај архитектурата и поезијата, а нејзиниот успех се должи на нејзината комплексност во прикажувањето на нештата и постоењето на многу филмски школи.

Тој истакна дека во моментов работи на постпродукцијата на неговиот нов филм „Инвазија", како и на две нови сценарија заедно со неговата сопруга. Најави и можност неговиот следен филм да го снима во Македонија, за што веќе разгладал неколку локации за време на неговиот престој во земјава, а тоа вели ќе зависи и од обезбедување на потребните финансии.

За Кијаросами, Мокри вели, беше мил, чуден човек, од кого можело многу да се научи за режијата и филмот. Ќе ги памети ставовите ма учителот за тоа каков треба да биде пристапот на режисерот во креирањето на делото, за дигиталната камера која овозможила ново раѓање на кинематографија и инсистирањето на значењето на звукот како можеби, вели, позначаен аспект на филмот од сликата.

Во рамки на Деновите на иранската кинематографија покрај документарецот за Кијаростами ќе бидат прикажани и филмовите „Риба и мачка" на Мокри, „Мелбурн" од Нима Џавиди, „Полудениот топ" на режисерот Аболхасан Даводи, кусометражниот „Однеси ме дома" на Кијаросмаи и „Денеска од Реза Миркарими со кој ќе се заокружи манифестацијата.

Детална програма може да се најде на следната страница: https://goo.gl/5z8OU3

(Извор: Cooltura.mk)

Пребарување

Контакт

Незнаног јунака 32
11040 Белград, Србија

Tелефон: + (00) 381 11 3672 564
                      2660 386
Факс: + (00) 381 11 2666 980
   
E-mail: info@iran.rs
  nur@iran.rs
  persijski@iran.rs
   
Web: iran.rs
  iran.mk
  iriran.me

Online