qods rouhani 93 01Претседателот на Исламската Република Иран оцени дека колку е повеличествено учеството на луѓето на собирите по повод одбележувањето на Светскиот Ден на Кудс, толку поголема поддршка ќе биде покажана кон угнетениот народ на Палестина.

Во очи на одбележувањето на Светскиот ден на Кудс, доктор Хасан Рухани истакна дека Кудс (Ерусалим) е од голема важност за иранскиот народ од аспект на религијата, и од аспект на регионалните и светските прашања. Тој изјави: „Учеството на народот на собирите по повод Денот на Кудс е заради почитување на наредбата и мислењето на благорониот имам Хомеин (р.а.), но и со цел на луѓето ширум светот да им се соопшти дека џамијата Ал-Акса била првото место (ориентир) кон кое муслиманите се вртеле во своите молитви, а Палестина е света земја на муслиманите, и дека оваа земја и раселувањето на палестинскиот народ никогаш нема да бидат заборавени."

Доктор Рухани воедно потсетува: „Народот со своето учество и присуство сака да покаже дека насилството и окупацијата не можат да траат засекогаш, а народот кој се бори за слободата на својата земја секогаш победува на крајот."

На крајот од своето обраќање Рухани вели: „Иран отсекогаш бил со подјармените народи, а посебно бил и ќе биде со угнетените народи на Палестина и Газа, и се надеваме дека наскоро ќе бидеме сведоци на неговата победа над насилниците и узурпаторите."

 

Пребарување

Контакт

Незнаног јунака 32
11040 Белград, Србија

Tелефон: + (00) 381 11 3672 564
                      2660 386
Факс: + (00) 381 11 2666 980
   
E-mail: info@iran.rs
  nur@iran.rs
  persijski@iran.rs
   
Web: iran.rs
  iran.mk
  iriran.me

Online