izbori92 1Во петок, на 14. јуни 2013. година, во Иран ќе бидат одржани единаесеттите претседателски избори, на коишто гласачите ќе гласаат за еден од 6 претседателски кандидати. Во случај ниеден кандидат да не освои повеќе од 50% гласови во првиот круг, вториот круг на претседателски избори ќе биде одржан на 21. јуни.

Паралелно со претседателските избори, на 14. јуни ќе бидат одржани и локални избори на кои граѓаните ќе бираат претставници на градските и општинските власти.

Освен во Иран, иранските државјани коишто живеат или работат во странство ќе можат да гласаат во дипломатските претставништва на И.Р. Иран во земјите во кои се наоѓаат. Во Белград, гласачкото место ќе се наоѓа во Амбасадата на И.Р. Иран, ул. Љутице Богдана бр. 40, и ќе биде отворено од 8 до 18 часот.

 

ГЛАСОТ НА НАРОДОТ Е МЕРА НА ВЛАСТА

Порака на имамот Хомеини до иранските граѓани во Иран и дијаспората:

izbori92 2Основачот на Исламската Република Иран и водачот на Исламската револуција, имамот Хомеини, во текот на својот живот во повеќе наврати го повикувал и охрабрувал народот преку учество на изборите да ја земе сопствената судбина во свои раце и да придонесе кон зајакнувањето на својата татковина. Следат цитати од едно од неговите обраќања:

„Учеството на изборите е наша должност кон Бог, тоа е наша должност кон народот, тоа е наша задача како на луѓе, наша обврска која треба да ја испочитуваме, и сите ние сме обврзани да учествуваме на изборите.

Право на секој народ е да ја одреди својата судбина, и избирањето на идниот облик и вид на власт треба да биде во неговите раце.

Со оглед на тоа дека повеќе од 90% од иранскиот народ е со муслиманска вероисповед, природно е државната власт да биде втемелена на основа на исламските принципи и закони.

Општеството од утрешнината ќе биде проценител и критичар на денашницата, па затоа е од пресудна важност сите да учествуваат во изборот на власта.

Моќта е во рацете на народот; секој поединец има авторитет и секоја мудра личност прифаќа дека судбината на секој поединец мора да биде во неговите сопствени раце.

Законот наложува, а мудроста потврдува дека едно од основните човекови права е судбината на секој поединец да биде во неговите сопствени раце. Со самото тоа и судбината на секој народ мора да биде во неговите раце.

Секако, вие сте слободни да го дадете својот глас како-годе сакате и кому-годе сакате; само немојте да бидете рамнодушни кон судбината на својата земја, кон исламот и кон народот, немојте да бидете рамнодушни кон својата татковина.

Сите ние – полнолетни мажи и жени – исто онака како што нѝ е обврска да ги почитуваме верските обреди, така нѝ е обврска и да се грижиме за својата судбина.

Исламската власт во својата суштина е демократска власт, што подразбира дека сите верски малцинства имаат потполна слобода и дека секој може да го изрази своето мислење. Исламот има одговор на сите идеи, а исламската власт на сите прашања одговара со логика.

Денес, учествувањето на претседателските избори не само што е општествена обврска, туку е и верска исламска должност и наша обврска кон Алах."

Порака на Врховниот водач на Исламската Република Иран, ајатолахот Хаменеи:

izbori92 3„Учеството на изборите е показател на моќното присуство на народот во стремењето кон идеалите, кое несомнено со себе донесува и други успеси, ѝ пружа сигурност на државата, ѝ дава достоинство и меѓународен углед.

Исламската Република има свој корен, а тој корен е народот. Организирањето на народот со овој систем резултира со благосостојба и достоинство – како за системот, тако и за самиот народ и за земјата. Народот придонесува кон тоа овој систем да биде достоинствен, а тоа достоинство, сигурност и безбедност, му припаѓаат и на самиот народ. Со учеството во власта, народот сам си овозможува полесно решавање на сопствените проблеми, и тоа е општата формула на успехот на исламската власт. Според тоа, на изборите кои се пред нас, присуството на народот треба да биде масовно и сесрдно."

 

Соопштение на Амбасадата на И.Р. Иран во Белград по повод на претседателските избори:

izbori92 4 izbori92 5
izbori92 6 izbori92 7

Пребарување

Контакт

Незнаног јунака 32
11040 Белград, Србија

Tелефон: + (00) 381 11 3672 564
                      2660 386
Факс: + (00) 381 11 2666 980
   
E-mail: info@iran.rs
  nur@iran.rs
  persijski@iran.rs
   
Web: iran.rs
  iran.mk
  iriran.me

Online