Недела на современ ирански филм

fajr40 film 00

Со проекцијата на филмот ДЕЦАТА НА РАЈОТ, ремек-дело на Маџид Маџиди, синоќа во Кинотеката на Македонија започна Неделата на современиот ирански филм.

Неделата на ирански филм се одржува по повод 40годишнината од Исламската револуција во Иран. Во холот на Кинотеката на Македонија е поставена изложба на фотографии со достигнувањата на Исламската револуција.

Во шесте вечери на Неделата на иранскиот филм гледачите можат да видат филмски дела на исклучителни автори од неколку генерации на иранската кинематографија, која изминативе децении е една од водечките во светот.

Подетално...

Добредојдовте во Културниот центар на Иран
за Србија и Македонија

Благодарение на богатото наследство во сите домени на човековото творештво – уметноста, фолклорот, јазикот, религијата и филозофијата – иранската култура стекнала светска афирмација, која Културниот центар во Белград се труди да им ја претстави на граѓаните на Србија и Македонија. Иранската цивилизација спаѓа во редот на оние цивилизации кои во текот на своето повеќемилениумско траење создале една од најбрилијантните култури на светот. 

Културниот центар на И.Р. Иран постои од 1990. година, кога почнало да се работи на промоцијата на иранско-исламската култура – во тоа време во југословенската, а сега во српската и македонската јавност.

Активностите на Културниот центар се движат во неколку основни правци: од издавачката дејност и организирањето на курсеви за учење на персиски јазик, преку одржувањето на филмски фестивали и организирањето на изложби и разни културни манифестации.

Подетално

За Иран

map

Иран е колевка на древната персиска цивилизација. Името Иран е изведено од праиранскиот збор Арианам со значење „земја на Аријците“, додека првите записи на кралот Ардашир I на средно-персиски јазик, на камениот релјеф Накш-е Рустам ги спомнуваат иранските народи под името Еран, односно Ариан на партскиот јазик.

Иран во светот бил познат под името Персија уште од 6. век п.н.е., па сè до 1935. година, а од 1959. година – Иран и Персија. Така името Иран воглавно се користело во службен административно-политички контекст, додека терминот Персија се користел во културно-историски контекст. По Исламската револуција во 1979. година, востановено е ново име – Исламска Република Иран, кое денес е во службена употреба.

Подетално

34-годишнина на
Исламската револуција
во Иран

khomeiniКон крајот на седумдесетите години на минатиот век, светот бил сведок на еден од најзначајните настани од дваесеттиот век: избивање на Исламската револуција во Иран и нејзиниот триумф.

Масовната побуна под водство на верскиот лидер во егзил, била насочена кон оборување на 25-вековната монархија. Како што се развивале настаните, станувало сè поочигледно дека се работи за револуција, и тоа во време и на место кајшто најмалку се очекувало. Револуционерниот замав се развил јако и незапирливо, скоро не давајќи им можност на странските и иранските набљудувачи да ги проценат распламтените случувања или да реагираат на нив.

Позадината на Исламската револуција, која избила во 1979. година во Иран, не може да се сфати додека не се сфатат факторите кои ја поттикнале и го навеле поголемиот дел од иранскиот народ (трговци, учени луѓе, студенти, свештени лица...) да застане под исламското знаме и да ги бара своите права.

Подетално

Денови на културата на Исламската Република Иран во Република Македонија

На први декември 2014. во Скопје - Република Македонија почна недела на културата на Исламска Република Иран подржана од страна на Ирански културен центар во соработка со иранска амбасада.

http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_01.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_02.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_03.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_04.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_05.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_06.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_07.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_08.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_09.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_10.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_11.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_12.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_13.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_14.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_15.jpg
http://iran.mk/images/news-kci/dani_irana_2014/dani_kulture_93_16.jpg
01/16 
start stop bwd fwd

Подетално...